![F-16 avion](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/04/F-16-avion.png?resize=678%2C381&ssl=1)
Белгиски борбен авион Ф-16 кој патролирал во балтичкиот регион пресретнал два руски авиона кои летале над американски носач на авиони во близина на брегот на Литванија, соопшти денеска НАТО.
Тоа се случило во петокот, а видео-снимка објавена од воздушната команда на НАТО ги прикажува руските авиони како летаат во меѓународниот воздушен простор на Балтичкото Море над американскиот носач „Доналд Кук“, пренесува „Бизнис инсајдер“.
„Белгиски бомбардер Ф-16 професионално ги пресретна руските авиони“, се наведува во соопштението.