Белгиски католички универзитет го критикуваше „конзервативниот“ папа веднаш по посетата

Pope Francis smiles as he arrives for a meeting with university students at the French-speaking UCLouvain campus in Louvain-La-Neuve, Belgium, Sept. 28, 2024. Founded in 1425, the world's oldest Catholic university was celebrating its 600th anniversary. (CNS photo/Lola Gomez)

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск беше остро критикуван од еден од католичките универзитети во Белгија во саботата за неговите ставови за улогата на жената во општеството, во силно формулирана изјава за печатот издадена само неколку моменти по неговата посета.

Професорите и студентите на Универзитетот во Лувен, каде што 87-годишниот папа одржа говор во саботата попладне, изјавија дека сакаат да го изразат своето „неразбирање и неодобрување“ на ставовите на папата.

„Универзитетот Лувен… ги осудува конзервативните ставови изразени од папата Франциск за улогата на жената во општеството“, се вели во соопштението.

Папата го посети универзитетот во саботата, како дел од викенд патувањето во Белгија, по повод претстојниот 600-годишен јубилеј на институцијата. Во говорот тој повика на глобална акција против климатските промени, но одговори и на писмото што му го испратија студенти и професори кои го прашаа за учењето на Католичката црква за жените.

Папата истакна дека Црквата не се води како корпорација. „Жената… е ќерка, сестра, мајка, како што мажот е син, брат, татко“, рече Франциск.

„Црквата е жена. Она што ги карактеризира жените, што е женствено, не е определено со консензус или идеологии“, продолжи Франциск, без да се осврне конкретно на местото на жената во Црквата.

Во соопштението од универзитетот, ставот на папата за улогите на жените во општеството е наречен „детерминистички и редуктивен“.

Франсиск се соочи со критики за време на неговото патување во Белгија. Кралот и премиерот на земјата го повикаа да преземе поконкретни чекори за да им помогне на преживеаните злоставуван од католичкото свештенство, а канцеларот на друг католички универзитет побара од него да ја преиспита забраната за ракополагање на жените.

Католичкиот универзите во Лувен е универзитет во француското говорно подрачје во Белгија. На 20 факултети студираат околу 38.000 студенти.

Католичката црква има само машки свештеници. Папата формираше две комисии за да разгледаат дали жените би можеле да служат како ѓакони, но немаше напредок по ова прашање.

Сепак, за време на неговиот 11-годишен понтификат, Фрацанциск го смени уставот за централната администрација на Светата столица за да им дозволи на жените да водат оддели, а исто така им дозволи на жените првпат да гласаат во синодите првпат.