Белгискиот министер за правда поднесе оставка по нападот во Брисел

Белгискиот министер за правда Винсент ван Квикенборн во петокот изјави дека одлучил да се повлече по притисокот поради одговорот на Белгија за случајот со вооружениот напаѓач од Тунис, кој се заколнаl на верност на Исламската држава и уби две лица во Брисел претходно семицава.

Ван Квикенборн рече дека истрагата за 45-годишниот Тунижанец, кој во понеделникот вечерта уби двајца шведски фудбалски навивачи во Брисел, покажала дека белгиските правосудни власти го игнорирале барањето на Тунис за екстрадиција на мажотт од Белгија во август 2022 година.

„Ова е неоправдана грешка која имаше драматични последици“, изјави Ван Квикенборн за новинарите. „Сакам да ја преземам целосната одговорност за ова“, додаде тој при објавувањето на оставката.

Во видеото на социјалните мрежи, напаѓачот се претстави како Абдесалем ал-Ѓуилани и ја презеде одговорноста за нападот. Тој неуспешно барал азил во Белгија во 2019 година и живеел во Белгија илегално. Ѝ бил познат на белгиската полиција по тоа што помагал во криумчарење луѓе во Британија, изјави Ван Квикенборн претходно оваа седмица.

Цел на напаѓачот беа Швеѓани кои престојувале во Брисел на квалификацискиот натпревар меѓу Шведска и Белгија за Европското првенство. Играта беше прекината во понеделникот поради пукањето. Белгискиот премиер Александар Де Кро пукањето го нарече „брутален терористички напад“.

Нападот се случи во време на зголемени безбедносни грижи поради војната меѓу Израел и Хамас, но белгиското обвинителство рече дека напаѓачот бил повеќе мотивиран од палењето на Куранот во Шведска. Во август, Шведска ја подигна тревогата за тероризам на највисоко ниво откако палењето на Куранот ги шокираше муслиманите и предизвика закани од џихадистите.