Белгискиот премиер Алекснадер Де Кро паднал од велосипед и накусо ја загубил свеста, а болничките тестови не покажале трајни последици, извести во неделата белгиската службена новинска агенција Belga.
Инцидентот се случил кога 47-годишниот Де Крон бил на возење со велосипед со синот во саботата доцна попладнето во близина на неговиот дом во регионот Фландрија, наведува агенцијата, повикувајќи се на кабинетот на премиерот.
Де Кро извесно време бил во несвест и бил однесен во болница на прегледи, пишува Belga.
Во видео пораката објавена на социјалните мрежи во неделата, е Кро вели дека се вратил дома.
„За среќа носев кацига, и мојот син повика брза помош. Спортот е добар за вашето здравје. Но понекогаш мора да бидете малку внимателни“, вели Де Кро во пораката заблагодарувајќи им се на медицинскиот персонал и на луѓето кои му посакаа брзо закрепнување.
Не се очекува дека инцидентот ќе влијае врз распоредот на премиерот за следната седмица, соопштиле од неговито кабинет.