Белгискиот премиер Александар Де Кро поднесе пријава против радио-новинар кој повикал на негово убиство во средата, објави портпаролот на премиерот Баренд Леитс.
„Александар Де Кро поднесе пријава против водителот кој повикал да биде застрелан“, објави во четвртокот на социјалната мрежа Х портпаролот Баренд Леитс.
Водителот на локалната радио станица Waregem1 повикал на атентат врз белгискиот премиер во текот на неговата емисија во средата вечерта по обидот за убиство на словачкиот премиер Роберт Фицо.
„Изгледа дека ќе се извлече. Виновникот е уапсен“, рекол водителката чие име белгиските медиуми не го наведуват, во врска со атентатот врз словачкиот премиер.
„На сите оние кои размислуваат да пукаат на премиерот Александре Де Кро, но не се осмелуваат поради обезбедувањето околу него, би импорачал – гледата дека е возможно. Дури би рекол – само напред“, додал радио-водителот.
Белгиските медиуми наведуваат дека оваа „несолена шега шокираше многу слушатели“.
Шефот на радио-станицата Лудо Даелман изјави дека се работи за лоша шега, која е лошо протолкувана и тврди дека водителот немал намера да поттикнува насилство.
„Разговарав со него и тој беше шокиран што неговите изјави се толкувани на тој начин. На крајот на краиштата, комичарите постојано се шегуваат така“, рекол Даелман а пренесува HLN.