Белгиските прволигаши едногласно поддржаа заедничка лига со Холандија

Белгиските фудбалски прволигаше едногласно ја поддржаа можноста од формирање заедничка лига со соседна Холандија, со што би ја зголемиле својата финансиска добивка.

„Постигнавме едноставна поддршка за можно воспоставување на БеНеЛига. Водството Про Лигата отсега натаму ќе преземе активна улога во нејзоноро креирање. Оваа идна амбиција се базира на почитувањето на спортските тежнеења на најдобрите клубови и потребата од економска стабилност на другите професионални клубови“, објави водството на белогската Про Лига.

Идејата за создавање заедничка белгоско-холандска лига се појави уште пред две години, но со избувнувањето на пандемијата на коронавирусот таа беше запрена.

Во разговорите за форирање на заедничката лгиа беа пет белгиски клубови: Андерлехт, Клуб Бриж, Гент, Генк и Стандард, и шест холандски клубови: Ајакс, АЗ Алкмар, Утрехт, Феенорд, ПСВ Ајндховен и Витезе.

Според спроведеното истражување, заедничката лига на клубовите во Белгија и во Холандија би им ги зголемила приходите од 300 милиони евра на 1,3 милијарди евра.

Споменатите клубови започнаа разговори со европската фудбалска асоцијација УЕФА за можното покренување на оваа лига. Меѓутоа, навивачите во двете земји не се согласуваат со оваа идеја, загрижени поради подолгтеи патувања на гостувањата.