Белгиските власти се уверени дека мажот убиен во Брисел е извршителот на нападот во кој во понеделникот вечерта беа убиени двајца шведски државјани, објави во вторникот радиото RTGB на својата веб-страница.
Четириесет ипетгодишниот Абдесалем ал-Ѓулани, бил застрелан од полицијата во кафуле во бриселскиот кварт Шаербеек, а подоцна им повдлегна на повредите.
Истрагата потврдила дека автоматското оружје пронајдено во близина на застреланиот осомничен напаѓач било користено во нападот во понеделникот вечерта, соопшти белгиската министерка за внатрешни работи Анели Верлинден за VRT.
„Оружјето со кои се изведени нападите е пронајдено утрово на местото каде што мажот е упасен, во округот на Брисел, Шаербеек. Тоа ја зголемува веројатноста дека тоа лице е токми извршителот. Го проверуваме отисоците од прстите за да бидеме 100 отсто сигурни“, изјави Верлинден.
Порталот LN24 пренесува дека белгиската полиција во моментов трага по уште две лица.
Белгиската полиција во вторникот утрото отворила оган кога го принашла 45-годишниот Тунижанец осомничен дека убил два шведски државјани и ранил трето лице во центарот на Брисел. Тие во понеделникот вечерта оделе на натпреварот од квалификациите за европското првенство меѓу Белгија и Шведска, кој поради нападот беше прекинат.
Мажот, кој во видео-снимките коишто ги поставил на социјалните мрежи, се идентификува како припадник на џихадистичката групација Исламска држава, велејќи дека е борец за Алах.
На социјалните мрежи, исто така, кружеше видео на кое мажот на арапски вели дека се одмаздува за смртта на муслиманите и дека застрелал тројца Швеѓани. Тврди дека е припадник на Исламската држава. „Живееме за нашата вера, умираме за нашата вера“, вели тој во едно од видеата.
Белгиските медиуми ноќта кон вторникот објавија дека станува збор за маж од кварото Шаебеек, за кого имало сознанија дека е радикализиран.
Напаѓачот, кој неуспешно барал азил во Белгија во ноември 2019 година, ѝ бил познат на полицијата како криумчар на луѓе и како лице коешто нелегално престојува во земјата, изјави минситерот за правосудство Винсент ван Квикенборне на прес-конференција во вторникот.
Осомничениот по пукањето и егзекуциите во понеделникот вечерта побегнал, по што започна масивна потера и ги принуди белгиските власти на највисоко ниво да ја подигнат тревогата од терорискички напади во Брисел.
Белгискиот премиер Александер де Кро убистваа ги нарече „брутален терористички напад“.
„Синоќа три лица заминаа на она што требаше да биде прекрасна фудбалска забава. Две од нив ги загубија животите во бриталниот терористички напад. Сторителот ги целел особено шведските навивачи кои беа во Брисел за да присуствуваат на фудбалскиот натпревар… Двајца шведски граѓани починаа. Третото лице закрепнува од тешките повреди“, рече де Кро на прес-конференција.
Федералното државно обвинителство соопшти претходно дека нема докази дека сторителот на кој и да е начин бил поврзан со ситуацијата во Израел и во Појасот Газа, окупираните палестински територии и пошироко на Блискиот исток.
Се претпоставува дека смртоносниот напад во Брисел е одговор на низата јавни сквернавења и палења на светата муслиманска книга Коранот во Шведска од 2020 до 2023, настани за кои и покрај противењата на муслиманските земји во свотот, шведските судови и полицијата даваа одобрувања, правдајќи го тоа со слободата на изразувањето на говорот со што се гордее шведското општество