Две лица загинале а едно е рането во пукањето во Брисел во понеделникот вечерта, соопшти за медиумите портпаролот на белгискиот федерален обвинител, додавајчи дека напаѓачот сѐ уште не е уапсен.
„Заминете си дома и не излегувајте додека заканата не биде отстранета“, изјави потпаролот на обвинителот Ерик ван Дуисе.
Истакна дека засега нема докази дека сторителот, кој сѐ уште е во бегство, на кој и да е начин е поврзан со сегашната ситуација во Изреале и на Блискиот исток.
Нападот во центарот на Брисел се случи неколки часа пред натпреварот од квалификациите за ЕУРО 2024 меѓу Белгија и Шведска, а двете убиени лица се шведски државјани. Третата жртва е таксист, кој е ранет во пукањето, но не е животно загрозен.
Како што пренесоа белгиските медиуми, напаѓачот недалеку од Плас Сенктелет наводно се симнал од скутер и почнал да пука од автоматско оружје и потоа побегнал.
На социјалните мрежи било објавено видео во кое маж, како што се претпоставува напаѓачот, велејќи дека се вика Абдесалем ал Гулани тврди дека е припадник на џихадистичката групација Исламска држава и дека се бори за Алах.
На социјалните мрежи, исто така, кружеше видео на кое маж, најверојатно сторителот на пукањето, на арапски вели дека се одмаздува за смртта на муслиманите и дека застрелал тројца Швеѓани. Тврди дека е припадник на Исламската држава. „Живееме за нашата вера, умираме за нашата вера“, вели тој во едно од видеата.
Според медиумите, сторителот е маж од Шаарбеек, за кого имало сознанија дека е радикализиран.
Белгискиот премиер Александер де Кро на социјалната мрежа потврди дека жртвите се шведски државјан.
„Штотуку му изразив искрено сочувство на шведскиот премиер по вечерашниот страшен напад врз пведски државјани во Брисел“, објави де Кро изразувајќи им сочувство на семејствата на жртвите и истакна дека „борбата против тероризмот е заедничка“.