Српскиот претседател Алесксандар Вучиќ во вторникот го отфрли предлогот на земјите од ткн Квината и Евроспакта унија за наводно компромисно решение за кризата предизвикана на северот од поранешната српска јужна покраина Косово и Метохија, остро порачувајќи им дека е „сит од политиките на свршен чин“ и дека Белград бара безусловно повлекување на специјалните сили на албанските власти во Приштина.
„Тоа е решение со коешто тоа би заборавиле 70 отсто од она што имале намера да го правата Албанците на административната линија, но би вовеле 20 до 30 отсто од мерките. За одбивањето добив согласност од Советот за национална безбедност и го отфрлив тоа, бидејќи сум сите од политиката на свршен чин. Не можете така да разговарате со Србија“, порача Вучиќ за новинерите по седницата на српскиот безбедносен совет.
Единици на косовската специјална полиција ROSU во понеделникот ненајавенно во голем број беа распоредени во близина на два премина на северот на областа Јариња и Брњак, каде што спроведуваат одлука на властите во Приштина да се издаваат привремени регистарски таблички на граничните премини за автомобилите кои од Србија влегуваат на косовската територија со српски регистерски ознаки.
Косовскиот премиер Албин Курит реле дека „воспоставувањето реципроцитеите за поставување на привремените косовски таблички за автомобилите со српските регистерски ознаки (за возилата кои ги користат припадниците на српската заедница – з.р.) не е желба на Косово, туку наметнување на Србија“.
Приштинските власти сметаат дека оваа акција е легитимна, и дека одлуката е донесен „во договор со меѓународните партнери“, додека Белград инсистира дека потегот е едностран и покрај потпишаните договори искао признава дека договорот за табличките од 2016-та истекнал на 15-тиосептември. Но, исто така, српските власти посочуваат дека Приштина не го почитува Бриселскиот договор за нормализирање на односите меѓу двете страни и порачуваат дека во согласност со одговорот од Западот ќе ги преземаат своите идни чекори во поглед на оваа криза.
Ситуацијата на премините во вторникот е мирна, сообраќајот дури и за итни потреби, како што е за итната медицинска помош, превозот и ученици и доставување на продукти е запрен, а нспроти косовските сили се дестици спрски граѓани но инциденти нема, според извештаите од теренот.
Вучиќ денеска на новинарите им рече дека Србија „продолжува да инсистира на зачувување на мирот и стабилноста“ и „нема да прифати загрозување на безбедноста на српското население“, истакнувајќи дека во фокусот е примената на Бриселскиот договор.
Српскиот претседател, исто така, нагласи дека „како и да биде решена“ актуелната криза ќе биде надвладеана „без понижување на Србија“ и порача дека „нема да има погром на Србите од Косово и Метохија“ како во 2004 година.
„Јас сум тој го одби, не дава согласност за безобралукот, поддршката за криминалот и за понижување на Србија“, рече Вучиќ, истакнувајќи дека Белград од ЕУ бара „да одговори постили ли и натаму Бриселскиот договор“ потсетувајќи дека Курти на состаноците во Брисел според општа оцена го поткопуа договорот.
Српскиот Совет за национална безбедност по денешната седница побара повлекување на сите сили до северните делови на Косово и и враќање на претходната состојба, за потоа двете стрени да се вратат на преговорите во Брисел и го отфрла повикувањето ситуацијата да биде надмината „од двете страни“.
„Србија е подготвена да го продолжи дијалогот, но нема да прифати наметнување на едностраните одлуки на Приштина“, истакна Вучиќ.
Договорот за принципите за нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина постуигна е во Брисел под покровителство на ЕУ и тогашната шефица на еу-допломатијата Кетрин Ештон, а на 19-ти април 2013 година го потпишаа тогашниот српски премиер Ивица Дачиќ и премиерот на властите во Приштина, Хашим Тачи.
Со договорот беше предвидено и основање на Заедница на српските општини која теребаше да биде формирана по локалните избори од 3-ти ноември 2013 година, но до денеска тоа не е сторени поради противењето на приштинските власти.