Во Брисел синоќа се потпишани сите четири договори за Заедница на српски општини на Косово, за енергетика, за телекомуникации и за мостот на Ибар во Косовска Митровица, оценувајќи ги како добри договори што гарантираат безбедност и опстанок на Србите на Косово.
Вечерва е воспоставена Заедница на српски општини. ЗСО ќе има широки овластувања, претседател, потпретседател, собрание, совет, грб и знаме. Ќе може да се финансира од Србија, и тоа е недвосмислено кажано дека Србија има право на тоа, изјави синоќа српскиот премер Александар Вучиќ.
Според Вучиќ делегацијата на Србија завршила добра работа и сите договори ќе бидат објавени.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини го оцени потпишаниот договор меѓу Белград и Приштина како значајно достигнување во процесот на нормализирање на односите.
Четирите договори потпишани по долгите целодвени разговори меѓу Србија и Косово се значајно достигнување во процесот на нормализација, објави Могерини на својот Твитер профил.
САД: Договорот ќе го подобри животот на граѓаните во Србија и Косово
САД го поздравија денеска постигнувањето на важните договори меѓу Белград и Приштина во Брисел и ја пофалија посветеноста на двете страни во овој процес.
Постигнувањето договори за формирање Заедница на српски општини, телекомуникациите, мостот на Ибар во Косовска Митровица и енергетиката, ќе го подобрат живот на граѓаните и во Србија и на Косово, се наведува во соопштението на Стејт департментот.
Официјален Вашингтон ги пофали двете влади за постигнатиот напредок во исполнување на обврските од договорот во Брисел, со што се приближуваат кон нормализирање на односите и приклучување кон ЕУ.
Во соопштението се додава дека САД силно го поддржува настојувањето на ЕУ за завршување на дијалогот.
Јахјага: Ова е значаен миг за нормализирање на односите меѓу двете земји
Претседателката на Косово, Атифете Јахјага ги поздрави четирите потпишани договори синоќа во Брисел, во рамките на дијалогот меѓу Косово и Србија, какао „значаен миг за зајакнување на нашиот уставен поредок и нормализирање на односите меѓу двете земји“.
На нејзиниот профил на фејсбук таа напиша и дека имала телефонски разговор со премиерот Иса Мустафа, кој ја предводел косовската делегација, при тоа нагласувајќи дека постигнатите договори го зајакнуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Косово и аспирациите да биде стабилна и просперитетна држава.
Тоа во истовреме, според Јахјага ќе помогне во интеграцијата на српската заедница во инситуционалниот и општествениот живот во земјата, во согласност со Уставот и законите.
Таа оценува дека потпишаниот пакет договори ја потвдува одлучноста и сериозноста на Република Косово во дијалогот.
Според шефот на дипломаријата и вице премиер Хашим Тачи со постигнатите договори Косово инвестирало во европската иднина на децата.
Ова е една инвестиција за иднината на нашите деца. Економскиот и политички бенефит е јасен,додека сега очекуваме забразни чекори во потпишувањето на Спогодбата за асоцијализаја и стабилизација, интеграцијата во НАТО, визна либерализација членство во УНЕСКО,ИНТЕРПОЛ И Советот на Европа. Ова во превод значи стабилност и економски инвестиции. Репуликата е зацврстена, напиша Тачи на Фејсбук.