Српското разузнавање Безбедносно-информативната агенција (БИА), во соработка со други државни органи, на подрачјето на Белград доцна ноќта кон понеделникот спровела контраразузнавачка операција во која е уапсен хрватски шпион, пренесува весникот Новости.
БИА „спроведе контраразузнавачка операција за апсење на хрватски шпион“, пренесува белградски Новости. Се додава дека акцијата е резултат на „неколкумесечната оперативна работа на БИА и продолжувањето на сузбивањето на шпионажата и деструктивно-субверзивните активности на хрватската разузнавачка и безбедносна служба СОА“.
Како што наведува весникот, акцијата била резултат на повеќемесечни активности на БИА и продолжување на, како што се наведува, сузбивањето на шпионската и деструктивно-субверзивното дејствување на Хрватска и нејзините разузнавачки служби.
Минатата година, Белград протера хрватски дипломат за кој Србија тврдеше дека бил разузнавач.
Пооцна во понеделникот хрватското Министерство за надворешни и европски работи објави нема сознанија дека апсењето на „хрватскиот шпион“ што во понеделникот го објавија српските медиуми „навистина се случило“.
„Немаме никакви информации за споменатата тема, ниту дека навистина се случил таков настан“, го цитира агенцијата Hina одговорот на хрватската дипломатија за пишувањето на српските медиуми.
Хрватските медиуми истакнуваат дека наводното апсење доаѓа еден ден откако српскиот претседател Александар Вучиќ на својот профил на Instagram објави дека се сретнал со адвокатот Немања Бериќ, кој хрватските власти го уапсија за видео со српскиот пејач Баја Мали Книнџа кој го поддржувал четничкото движење, како што рече Вучиќ „само затоа што е Србин“.
„Им ветив на Немања и неговата сопруга Јана дека заедно ќе одиме на некој од следните концерти на Баја Мали Книнџа“, напиша Вучиќ во неделата за музичарот кој ги слави воените злосторства.
Во понеделникот српските медиуми објавија дека српската полиција во неделата вечерта на граница ја привела хрватската пејачка Северина поради „контроверзни изјави“ во медиумите.