Белград на вода ќе се изгради и побрзо: Солитери над 60 метри

Подготвителните работи за изградбата на проектот „Белград на вода“ според зборовите на градоначалникот Синиша Мали, годинава ќе бидат забрзани, пренесува Б92.

Новина е тоа што покрај досега најавените градби, од оваа есен ќе се градат уште два станбени објекти.

Изградбата на уште двете станбени кули би почнала до оваа есен. Во меѓувреме продолжува изградбата на променадата. До крајот на годината би требало да бидат завршени околу еден километар од ова шеталиште на десниот брег на Сава. Оваа работа ќе се врши етапно.

Овде ќе се градат објекти повисоки од 60 метри и според усвоениот план, тие ќе бидат наменети за живеење.