
Дали проектот на векот во Белград не (оправдано) е ставен на тапет ќе дознаете од текстот кој се појави на сајтот „Nasbiro.com“ пишува српскиот портал „Курир“. Консултантот за недвижнини, Стефан Павловиќ, ги објаснува најбитните факти поврзани со купувањето на станови преку проектот „ Белград на вода“ и истовремено ги запознава граѓаните со компанијата која стои зад овој проект.
„Работам како консултант за недвижнини во една од петте топ фирми во Дубаи. Со оглед на тоа што „Белград на вода“е проект за кој многу се зборува и пишува во последно време во Србија, одлучив да појаснам некои работи за кои што не се знае, а кој би можеле во целст да ја расветлат целата приказна околу која се дигна врева. Да почнеме со господинот Мохамед Алабар, еден од сопствениците на „Игл Хилс“ ,компанија која стои за овој проект. Тој е илвовиран во уште една градежна фирма која се вика „Еамаар“, вели Павловиќ.
Тој понатаму објаснува дека објектот „Бурџ Калифа“, кој е изграден од оваа фирма е висок повеке од 800 метри, има 160 ката, ја носи титулата највисока градба направена од човечка рака, цената на квадрат изнесува околу 13.400 евра.
„Емар“ стои зад многу светски рекорди меѓу кој е и Дубаи Марина, најголемата некомерцијална марина на светот.
Сите 250 солитери во марината „Бурџ Калиф“ како и целиот Дубаи добија свои сопственици додека биле се уште во изградба. Становите се продадени како имагинарни станви од макета. Сопствениците на становите ги бирале своите идни домови или инвестицијата ја плаќале според договорениот план на испалта и ги добивале своите станови после неколку години. Тоа е секојдневие во Дубаи.
За да се осигурате дека инвеститорите нема да побегнат со вашите пари, шеикот Мухамед бин Рашид Ал Макторум, вовел неколку правила меѓу кои и отворање на сметка која е под контрола на државата. Инвеститорот не може да подигне пари доколку не изградил 20 проценти повеќе од тоа што е уплатено. Доколку пак квалитетот не е на задоволително ниво, повторно доаѓаме до градежната фирма „Емаар“ која е икона за квалитет чии квалитет топло ви го препорачувам. Ако и тоа не ви е доволен показател за нивниот квалитет тогаш можете да се упатете до нивната канцеларија за продажба на станови каде што културно ќе ви ја изнесат палетата на матријали кои ке бидат користени во финалата фаза за изградбата на вашиот стан.
Доклу сте се уште недоверлива и скептична личност на располаѓање ви и писмена гаранција која според законите во Дубаи е десет години.
„Би сакал да нагласам дека не сум повразан со проектот „Белград на вода“, оваа приказна ја напишав само за да ви дадам некави упаства кои што треба да ги имате во предвид доколку се одлучите да купите „стан од макета“, вели Павловиќ.