Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ во средата рече дека се „лаги“ информациите дека Србија наводно ѝ испорачува оружје на Украина, коишто ги објави британската новинска агенција Reuters повикувајќи се на наводно на тврдењата од наводните доверливи документи на Пентагон кои истекоа во Вашингтон.
Инаку Reuters при известувањето за овие документи наведува дека не може да се провери нивната автентичност и веродостојноста на наведените податоци во нив, истакнувајќи дека се чини дека се фалсификувани со цел да се намалат руските загуби.
Британската агенција претходно во средата објави дека Србија, иако една од ретките земји во Европа која не воведе ниедна санкција против Русија поради нејзината инвазија во Украина, „се согласила да му испорача оружје на Киев или веќе го испратила“.
Пренесувајќи го тоа Reuters наведува дека станува збор за доверлив документ на Пентагон кој ги резимира одговорите на европските влади на барањата на Украина за воена обука, воена помош и оружје, а бил меѓу повеќето десетици доверливи материјали објавени на социјалните мрежи пред речиси еден месец а откриени дури минатата седмица од американскиот дневен весник The News York Times.
Руските функционери, вклучително и во средата заменикот на шефот на дипломатијата Сергеј Рјабков, изјавуваа дека Москва внимателно го следи развојот околу споменатите документи и оти не се исклучува можноста дека станува збор за „подметнување“ во рамките на американската кампања за дезинформирање чија цел е да ја „залаже“ руската страна, особено во поглед на способностите на украинската војска.
Под насловот „Европа/Одговор на актуелниот судри на Русија и Украина“, документот во форма на графикон ги прикажува одговорите на 38 европски влади на украинските барања за воена помош. Графиконот, наведува Reuters, покажал дека Србија одбила да пружи обука на украинските сили, но се обврзала дека ќе испрати помош во оружје или веќе испратила.
Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ ги нарече лажни таквите информации дека Србија наводно ѝ испорачува оружја на Украина, и оцени дека целта на таквите тврдења е да ја дестабилизираат Србија и да ја вовлечат во судирот од што таа се чува од почетокот.
„Србија ниту продавала, ниту ќе продава оружје на украинската ниту на руската страна, ниту на земјите во окружувањето на овој конфликт“, изјави Вучевиќ за белградската редакција на руската меѓународна агенција Sputnik, а тоа се повторува и во официјалното соопштение на српското Министерство за одбрана подоцна испратено до медиумите.
„Некому очигледно целта му е да ја вовлече Србија во тој конфликт, меѓутоа ние доследно се придржуваме до нашата утврдена политика“, рече Вучиќ за радиото Sputnik инсистирајќи дека Србија досега повеќепати ги „демантираше таквите невистини“.
Вучевиќ наведе дека Србија „продава оружје на трети страни, кои се далеку од конфликтот и немаат никаква врска со него“, оценувајќи и дека „секогаш постои можност некое оружје на некој начин да се најде и на територијата на конфликтот“, но дека „тоа апсолутно нема никакви врски со Србија“.
„Тоа е прашање за оние држави кои не ги почитуваат меѓународните норми, договорните клаузули и принципите за работење. Повторувам, Србија не испраќала оружје на Украина и сѐ што е објавено на таа тема се невистините шпекулации“, заклучи Вучевиќ.