Во понеделникот ученичка од основното училиште „Владислав Рибникар“ во белградската централна населба Врачар, почина во детската клиника Тиршова во Белград, тешко ранета во пукање кога на 3-ти мај кога нејзин 13-годишен соученик уби осум ученици и улилишниот обезбедувач, а рани уште шест ученици и една наставничка.
Девојчето кое беше најтешко повредено, а лекарите со денови се бореа за нејзиниот живот, е десеттата жртва на масакрот во училиштето, невиден во современата историја на Србија.
На клиниката била примена со тешки повреди на главата, а починала во понеделник наутро „и покрај итната хируршка интервенција и сите преземени мерки за интензивно лекување“, соопшти Министерството за здравство. Министерката Даница Грујичиќ во свое име и во име на Министерството изрази сочувство.
Во пукањето во училиштето загинаа осум ученици и училишен чувар, а ранети се уште шест, меѓу кои и еден наставничка. Момчето убиец е уапсен и сместен во детска психијатриска установа, бидејќи не одговара кривично на 13-годишна возраст, а на неговиот татко му е одредена мерка притвор.
Еден ден подоцна следеше второ масовно пукање во кое загинаа осум лица, а 14 беа ранети. Дваесет иедно годишниот убиец беше уапсен и го призна делото, а неколку дена подоцна беше уапсен и неговиот татко од кого е одземен арсенал оружје.
Во Србија во тек е предавање на оружје, муниција и експлозивни направи кои нелегално ги поседуваат граѓани, а до вчера се предадени 13.500 парчиња разно оружје и десетици илјади муниција. Рокот за таа кампања истекува на 8 јуни, кога државата најави строги казни.