Белград вечерва во 20 часот во текот на полицискиот час со апалуз испраќа поддршка за Загреб

Жителите на српската престолнина Белград во неделата вечерта во 20 часот од балконите и терасите, во текот на акцијата „Аплауз во осум“, започната во време на полицискиот час воведен поради коронавирусот, ќе испратат овојпат поддршка на жителите на хрватскиот главен град Загреб, кој во неделата утрото го погоди силен потрес во кој се повредени десетина лица и предизвикани се материјални штети.

Граѓанската иницијатива „Не давимо Београд“ (Да не го давиме Белград)ги повика во неделата сограѓаните денешниот „Аплауз во 8“, ракоплескањето од терасите и балконите на српската престолнина го посветат „на загрозените соседи во земјотресот“, кој го погоди Загреб и порача дека аплаузот во актуелните околности ќе биде посветен не само на загрпчаните, туку и на граѓаните ширум Балканот.

„Нашите држави и општества се соочуваат со големиот испит пред заразата Covid-19, а уште една катастрофа ги снајде нашите први соседи. Земјотресот, во кој се оштетени голем број згради и други објекти, дополнително им го отежна животот на загрепчани и ја комплицираше борбата против пандемијата. Затоа овој ‘Аплауз во осум’ да биде за сите оние кои ширум Балканот се борат во сѐ покомпликувани услови“, истакнува во соопштението иницијативата „Не давимо Београд“.

„Вирусот ќе мине, но во нашето општество засекогаш треба да останат солидарноста, меѓусебната грижа и поддршката за сите наши граѓанки и граѓани“, се порачува во соопштението на оваа граѓанска иницијатива.

Акцијата Аплауз во осум“ е покрената како гест на поддршка на лекарите ширум Србија кои се борат против короновирусот.