Белорусија ја зајакнува границата со Украина по безбедносен инцидент и распореди единица со повеќе ракетни фрлачи за да ја тестира нивната борбена готовност, соопшти во петокот белоруското Министерство за одбрана.
Граничната патрола претходно во петокот објави дека граничната безбедност е засилена, додавајќи во соопштението дека во средата собориле беспилотно летало што илегално ја преминало границата од Украина за да собира информации за белоруската гранична инфраструктура.
Граничната патрола претходно оваа седмица објави дека во истата област е пронајден материјал за бомба од домашно производство и дека знае дека единица на руски неонацисти обучувани од западни интруктори кои се борат на украинската страна се распоредени во украинскиот регион кој граничи со Белорусија.
Министерството за одбрана објави фотографии од белоруски повеќецевни ракетни фрлачи Полонез распоредени долж границата во близина на шумата.Војниците ги опремиле и камуфлирале локациите каде што воениот персонал и нивната опрема се наоѓа во одредената област и продолжуваат да ги извршуваат своите задачи“, се вели во соопштението.
Во февраури годинава белорускиот претседател Александр Лукашенко соопшти дека безбедносните служби на земјата која о 1990-те години има договор за ткн Сојузна држава со Русија упсиле диверзантска група на границата меѓу Белорусија и Украина која префрлувала експлозиви кои требало да бидат искористени за изведување саботажи и терористички акции на руска територија.
Белорусија во октомври 2022 година ја подигна борбената готовност на своите вооружени сили по разузнавачктие информации дека во соседните Украина, Полска и Литванија се подготвуваат групи од белоруски дисиденти и радикали воено да заземат регионален центар на белоруска територија и да испровоцираат бунт, поради што белоруските единици заедно со руските беа распоредени близу јужната граница меѓу Белорусија и Украина.