Белорусија, која има безбедносен државен договр со Русија и на својата територија размеси руско нуклеарно оружје, во средата објави дека нејзините вооружени сили започнале десетдневните редовни годишни мобилизациски вежби.
Белоруското Министерство за одбрана соопштио дека целта на вежбите е да се процени нивото на подготвеност на државните институции за мобилиација на резервистите. Воениот рок во земјата е задолжителен за сите мажи, а по отслужувањето одреден период минуваат во резервниот состав.
Минск неодамна ги повтори обвинувањата дека тајните служби на Украина и Полска подготуваат диверзантски единици составени од белоруски дисиденти, припадници на неонацистичките групации и странски платеници, кои треба да бидат уфрлени на белоруска територија со цел да предизвикаат вооружен бунт во земјата, а цел е всушност дестабилизација на Русија.
Во врска со воие информации, белорускиот претседател Александр Лукашенко рече дека белоруските сили кои досега се пасивни ќе содејствуваат со руските трупи доколи дојде до „сеопфатна агресија“ врз неговата земја.
Западот ја обвинува Белорусија дека ѝ дозволила на Русија да ја искористи нејзината територија за инвазујата во Украина. Белорусија, која по кусото кокетирање со Западот, го обвини за организирање на масовните протести во 2020 година, последните три години изведе голем број заеднички воени вежби со Русија, велејќи дека тоа е одговор на трупањето НАТО трупи на нејзините граници.
Белорусија претходно во јуни започна да го прима руското тактичко оружје за кое рускиот претседател Владимир Путин рече дека Западот треба да го сфати како предупредување за својата инволвираност во војната во Украина.