Белорусија го суспендираше учеството во Источното партнерство на ЕУ

Белорусија објави во понеделникот дека го суспендира своето учество во Источното партнерствона Европската унија, чија цел е прибложувањето на Унијата и поранешните советски републики, протестирајќи против санкциите кои се наметнати против неа.

„Не можеме да ги исполниме нашите обврски кон овој договор во контекстот на санкциите и ограничувањата кои ни ги наметне ЕУ“, наведе белоруското министерство за надворешни работи и додадел дека започнало со „спрведувањето на суспендирањето“.

Брисел ги засили санкциите против Минск обвинувајќи ги тамошните власти за репресија на масовните протести породи реизборот на претседателот Александр Лукашенко на изборите во август 2020 година на кои ЕУ одби да испрати свои набљудувачи правдајќи се со пандемијата на коронавирусот, иако поттикнуваше истовремено избори во неколку евроски земји.

Белорусија потоа објави прислушувани разговори меѓу разузнавачи на земји членки од ЕУ и некои белоруски опозиционери, обвинувајќи го Западот за подготовка на преврат случен на оној во Киев во мар 2014 година.

Во понеделникот министерството за надворешни работи, исто така, најави дека ќе го повика својот амбасадор во ЕУ на „консултации и ќе го повика шефот на мисијата на ЕУ во Минск да се врати во Брисел и да им пренесе на своите челници дека притисоците и санкциите се неприфатливи“.

Минск притоа предупредува дека суспендирањето на Источното партнерство, започнато во 2009 година со шесте земји како дел од продорот на Запад во интересната сфера на Русија, „негативно ќе влијае врз интеракции со Европската унија во борбата противи нелегалните миграции и организираниот криминал“.

Белоруската дипломатија, исто така, посочува дека на европските функционери кои учествувале во составувањето на санкциите против Белорусија ќе им биде забранет влезот на територијата на земјата.

„Белорусија подготвува и други мерки на одговор, особено во економската сфера“, додава министесрството за надворешни работи во Минск.

Проектот Источно партнерство, ЕУ во 2009 година го започна со Белорусија, Украина, Молдавија, Ерменија и Азербејџан, кои се или беа членки на Евроазиска економска унија во која доминира Русија, и ги со поблиски економски земји и политички односи доколку ги спроведат реформите кои ќе бидат побарани од нив. ЕУ секогаш тврди дека целта на ова партнерство не е проширување на западното влијание на штета на трети страни, но Русија се сомнева во искреноста на овие тврдења.

 

 

 

 

.