Украинскиот Центар за стратешки комуникации предупреди во петокот дека не може да исклучи дека Белорусија уште денеска ќе започне „инвазија“ врз Украина, откако претходно во текот на денот белорускиот претседател Александр Лукашенко во Москва изјави дека откриен е план за напад на украинската војска врз Белорусија.
На средбата со рускиот претседател Владимир Путин претходно во петокот во Кремљ, белорускиот претседаетел Александр Лукашенко изјави дека донел со себе мапа која открива наводни планови на Украина за напад врз Белорусија.
„Сега ќе ви покажам од каде се подготвувал нападот врз Белорусија. И доколку шест часа пред операцијата (руската офанзива во Украина) немаше превентивен удар врз четирите позиции, тие ќе ги нападнеа нашите трупи, на Белорусија и Русија…. Ние не ја покренавме оваа војна, нашата совест е чиста…“, изјави Лукашенко кого го цитираше агенцијата РИА и додава дека мапата му била презентирана на Путин.
Од друга страна украинската страна стравува за белоруски напад во уште во петокот вечерта.
„Според прелиминарните податоци, белоруските сили би можеле да покренат инвазија на 11-ти март во 21 часот“, објави Центарот, што е 20 часот по средноевропско време односно 21 часот по македонско време.
Украинските воздушни сили соопштија претходно во петокот дека руски авиони наводно гаѓале белоруска населба во близина на гранциата со Украина од украинскиот воздушен простор за наводно да се обидат да ја вовлечат Белорусија во војна, пренесува Reuters.
Меѓутоа, малку е веројатно е дека Москва би се решила за таков метод, бидејќи со Минск има договор за заедничка безбедност, како и поради обвинувањата од Западот дека Лукашенко веќе ја отстапил белоруската територија за руската инвазија во Украина, поради што воведе санции и за Белорусија.
Претходно во четвртокот Лукашенко изјави дека белоруското разузнавање открило група платеници во близината на државната граница со Украина и предупреди дека украинските граничари практично ја напуштиле границата. Лукашенко, исто така, на белоруското министерство за одбрана му поставил задача да спречат евентуални обиди на непријателот да ја нападне руската војска од зад грб и да се обиде да ги пресече линиите за логистика на руските единици во Украина.