Белорусија предложила „решенија“ за Германецот осуден на смрт за тероризам

A court building is seen in Minsk September 6, 2013. The district court in Minsk decided to leave the chief executive of Russian potash producer Uralkali Vladislav Baumgertner in detention on Friday, resisting pressure from Russia to release him after his arrest last month after the break-up of a local joint venture. REUTERS/Vasily Fedosenko (BELARUS - Tags: BUSINESS POLITICS CRIME LAW) - GM1E9961EI501

Дипломати од Германија и Белорусија разговараат за судбината на германски државјанин осуден на смрт во Белорусија поради тероризам и платеништво, при што Минск предложил некои „решенија“, објавија новинските агенции во саботата, цитирајќи го белоруското Министерство за надворешни работи.

Белоруската организација за човекови права „Вјасна“, поддржана од западни организации и која дејствува од странство, соопшти во петокот, цитирајќи неименувани извори, дека германскиот државјанин Рико Кригер е осуден на смрт во Белорусија под обвинение за тероризам и платенички активности, како и дека казната му била изречена на 24-ти јуни.

Германското Министерство за надворешни работи во петокот соопшти дека германски државјанин, кого не го именува, е осуден на смрт во Белорусија и дека Берлин е во интензивни контакти со властите во Минск за неговата судбина.

„Имајќи го предвид барањето на германското Министерство за надворешни работи, Белорусија предложи конкретни решенија според достапните опции“, изјави портпаролот на белоруското Министерство за надворешни работи Анатолиј Глаз, цитиран од белоруската новинска агенција БелТА.

Глаз, исто така, рече дека Белорусија му дала на осуденото лице пристап до германската конзуларна служба.

На профилот на LinkedIn со името на Кригер може да се види фотографија на којашто позира пред украинското знаме.

„Вјасна“ во соопштение на својата веб-страница објави дека Кригер е во притвор од ноември 2023 година, по претходните изјави на белорускиот претседател Александр Лукашенко кој предупреди дека во соседните Полска и Украина се обучуваат единици составени од белоруски дисиденти и радикали неонацисти, како и странски платеници, чиј план е воено да заземат регионален центар на белоруска територија и да испровоцираат бунт

Германското Министерство за надворешни работи одбило за Reuters веднаш да го коментира случајот во саботата.