
Белорусија почна ненајавена инспекција на борбената готовност на своите трупи соопшти денеска Министерството за одбрана.
-Активностите ќе бидат сеопфатни по карактер, трупите ќе мора што побрзо да се префрлат во подрачја предвидени за тоа, со инжинерска опрема, да организираат заштита и одбрана и да постават понтонски премини преку реките Неман и Березин, соопшти Министерството за одбрана на Белорусија.
Се наведува дека ќе биде транспортирана воена техника и персонал, како и дека поради тоа ќе биде ограничен сообраќајот на одредени јавни патишта.