Белоруското жири отстрането од финалето на Евровизија

Европската радиодифузерска унија (EBU) одлучила да го отстрани жирито на Белорусија од гласањето во финалето на изборот на песна на Евровизијата, пренесува ресурсот Eurovoix.

Потврдата на информацијата доаѓа откако членовите на жирито од Белорусија во разговор за порталот Tut.by откриле за кого гласале во текот на првата полуфинална вечер во вторникот. Тоа е во споритивност со правилата на Евроввизијата кои предвидуваат резултатите од полуфиналето да не се откриваат до завршувањето на големото финале.

Членовите на белоруското жири рекле дека првите три песни од првата полуфинална вечер ги одбрале речиси едногласно, и главно за првите шест/седум места немале скоро никави разногласија, кои се јавиле кога требало да се одреди пласманот меѓу осмото и десеттото место, што траело дестина минути. Покрај тоа, членовите на жирито откриле поединечно и на кои нации им ја дале визата во полуфиналето, а тоа се Исланд, Австралија, Естонија, Чешка, Грузија, Словенија, Грција, а еден не кажал за кого гласал туку ги пофалил настапите на Сан Марино и Грузија.

„Ќе се користи зборниот резултат од аудиториумот со цел да се утврди кому ќе бидат распределени белоруските гласови“, појасниле од новинарскиот пул за Eurovoix, односно дека како ќе бидат дистрибуирани поените од Белорусија ќе се одлучува врз основа на гласањето на публиката.

Белорусија на годинешниот Евросонг ја претставува 16-годишната Зина Купријанович којашто настапува под псевдонимот ZENA,