Холивудската двојка Бен Афлек и Џенифер Гарнер се уште ги носат бурмите, иако минатиот месец објавија дека се разведуваат.
Близок пријател на двојката тврди дека Афлек и Гарнер бурмите ги носат за да ги задоволат децата, кои тешко го прифаќаат нивниот развод.
– Децата се најсилната причина зошто уште ги носат бурмите, изјави неименуваниот извор.