Бен Афлек после кратката пауза се враќа на големото платно на филмот „The Way Back“.
Во него игра средношколски кошаркарски тренер, кој се труди да ја одржи контролата над својот живот, додека се бори со алкохолизмот и бракот кој му се распаѓа.
Афлек во интервју за „New York Times“ признал дека тој филм го отсликува неговото лично искуство. Афлек во интервјуто го споменал и својот пат до трезвеност и јавниот развод од актерката Џенифер Гарнер.
„Во животот најмногу жалам што се разведов. Срамот е навистина токсичен. Не постои позитивен исход од срамот. Долго време умерено консумирав алкохол. Почнав да пијам повеќе кога бракот почна да се распаѓа. Тоа беше во 2015-та и 2016-та година. Мојот алкохолизам, нормално, направи уште повеќе брачни проблеми“, признал Афлек.
Афлек и Гарнер објавија дека се разведуваат во јуни, 2015-та година, а разводот бил завршен во ноември, 2018-та година. Тие двајца почнале да излегуваат во 2004-та година, а се венчале веднаш следната година. Имаат три деца – ќерките Виолет (14) и Серафина (11) и синот Самуел (7), пренесува „People“.
Афлек бил спремен во интервјуто да зборува за срамот кој го чувствува, но признал дека не му е добро кога многу размислува за своите грешки.
„За мене не е здраво постојано да размислувам за своите неуспеси и враќање на алкохолот. Грешев. Правев работи со кои не се гордеам. Без оглед на тоа, мора да станете, да научите од сопствените грешки и да се обидете да напредувате“, истакнал Афлек.
Актерот неколкупати бил на рехабилитација, но последниот пат повторно се пријавил во август, 2018-та година. Во ноември истата година, во емотивна објава на Инстаграм, првпат отворено зборувал за своето лекување.
„Оваа недела бев на 4-дневен престој во центарот за лечење од зависност од алкохол и останав на интензивна нега. Борбата со било кој вид на зависност трае цел живот и тоа е тешка борба. Од таа причина никогаш не си завршил со третманот. Тоа е константна обврска. Се борам за себе и своето семејство“, напишал Афлек на Инстаграм.