Министерот за национална безбедност, Итамар Бен Гвир, предупредува за договорот за ослободување на заложници.
„Многу сум загрижен затоа што се зборува за некаков договор… Не ги соопштуваат деталите и не ни ја кажуваат вистината“, вели тој.
„Гласините се дека Израел повторно ќе направи голема грешка на сличен начин како „Шалит“ договорот од 2011 година“ ( кога Хамас се согласи да го ослободи израелскиот војник Гилад Шалит во замена за 1.027 затвореници).
Тој вели дека е загрижен од „договорот што може да донесе катастрофа“, наведувајќи го можното ослободување на палестинските затвореници, како и дозволувањето гориво во Појасот.