![ben stiler kristin tejlor](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/02/ben-stiler-kristin-tejlor.jpg?resize=696%2C422&ssl=1)
Актерот Бен Стилер во интервју за „Esquire“ призна дека се смирил со поранешната сопруга и позната актерка Кристин Тејлор.
Фановите на комедијата ја обожаваа оваа актерска двојка каде и да се појави, па затоа ги растажија сите со нивната разделба во 2017-та година.
Бен Стилер и Кристин Тејлор се запознале во 1999 година, на снимањето на филмот „Heat Vision and Jack“, а една година подоцна се венчале. Двојката ги изненади сите во мај 2017 година, кога објавија соопштение за нивниот развод.
-Со голема љубов и почит еден кон друг, после 18 години заедно, решивме да се разделиме. Наш приоритет и понатаму ќе биде воспитувањето на нашите деца, како посветени родители и најблиски пријатели, пишуваше тогаш во соопштението.
Сепак, гордите родители на две деца решија да се обидат повторно и сега уживаат во нивната среќа,
-Бевме разведени и сега се смиривме. Среќни сме поради тоа, истакна сега Стилер.
Родителите на Ела и Квинлин уживаат во овој период, а актерот истакнува дека за се може да им се заблагодари на околностите што ги донесе пандемијата.
Тој откри дека за време на карантинот се вратил во нивниот семеен дом за да бидат заедно во време на пандемијата, па со текот на времето повторно се разбудила искрата меѓу поранешните сопружници.