![benatia](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/08/benatia.jpg?resize=311%2C162&ssl=1)
Италијанските медиуми откриваат дека новото големо засилување е веќе на прагот на „Олд трафорд“, а тоа е најбараниот дефанзивец во овој преоден рок, фудбалерот на Рома, Мехди Бенатиа. Тој денеска треба да пристигне на „Олд трафорд“ и да го комплетира својот трансфер во Манчестер јунајтед. Англискиот премиерлигаш е подготвен да плати околу 30 милиони фунти за да го обезбеди потписот на квалитетниот марокански интернационалец. Тој ќе заработува околу 5 милиони евра годишно.
Бенатиа во 2010 година од Клермон се пресели во Италија, играше во Удинезе, а блесна во дресот на Рома минатата сезона, кога одигра 33 натпревари и постигна пет гола за „римската волчица“.