Бендот U2 е прв во историјата со No1 во четири последователни децении

Новиот албум на U2 под насловот „Songs of Experience“ заседна на првото место на американската топ листа на албуми, со што овои ирски бенд стана првиот во историјата со ваков успех во четири последователни децении.

Во осумдесеттите години тоа им појде од рака со албумот „Joshuа Tree“, во деведесеттите со дури три албума: „Achtung Baby“, „Zooropa“ и „Pop“, а во „нултите“ години од овој век со и уште два албума: „How to Dismantle an Atomic Bomb“ и „No Line on the Horizon“.

Албуми на првата позиција во четири децени имаше и легендарниот ливерпулски состав The Beatles, но не во последователни декади.

Четири највисоки места на топ-листите во последователни децении оствариле само уште тројца самостојни изведувачи: Брус Спрингстин, Џенет Џексон и Барабара Стрејсенд.

Албумот „Songs of Experience“ е продадена во првата седмица во Америка е продаден во 185.000 примероци, што е најдобра седмична продажба на некој рок албум во целата година.