Бенет: Западот ги прекина преговорите меѓу Москва и Киев

Преговорите меѓу претставниците на Русија и Украина во пролетта 2022 година, напори во кои како поседник учествуваше Нафтали Бенет, беа прекинати по иницијатива на западните земји, изјави тогашниот израелски премиер во своето прво интервју дадено по шест месеци од кои инсерти емитуваше израелскиот 12-ти телевизиски во саботата вечерта, а целата речиси петчасовна верзија беше објавена на каналот на Бенет на YouTube.

Поранешниот израелски премиер во интервјуто детално зборува во преговорите по почетокот на руската инвазија во Украина ланскиот 24-ти февруари за личните контакти со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот Володомир Зеленски, како и со челниците на водечките западни земји: американскиот претседател Џо Бајден, германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и тогашниот британски премиер Борис Џонсон.

Според сеќавањето на Бенет, позициите меѓу западните челници биле поделени во однос на понатамошните чекори.

„Видете, секој лидер има свој пристап. Можете на ги поделите на онеи кои се придржуваат на линијата: ‘Мораме да му дадеме отпор на Путин’ (…) И они кои велат ‘…. Сите сме губитници во војната’. Борис Џонсон се залагаше за порадикалните мерки, додека Макрон и Шолц, така да кажеме, се попрагматични. Бајден ги поддржуваше двата пристапа“, вели Бенет.

Додава дека тој самиот во тој период се придржувал до неутралната позиција. Зеленски, кој има еврејско потекло, го повика Бенет на почетокот од војната да посредува во преговорите со Москва и по негово инсистирање на руската преговарачка делегација беше вклуечн и рускиот милијардер Роман Абрамович, исто така, со еврејско потекло. Потоа украинскиот челник вршаше притисок врз Израел за воена помош, но владата на Бенет се ограничи на хуманитарна и одбранбена помош за Украина отфрлајќи и остро да ја осуди руската агресија и да испорача напредно оружје.

„Тоа прашање не влегуваше во сферата на нашите национални интереси (…) Кога сум загрижен за Израел, јас се борам до крај. Но тука немам што да кажам. Јас сум само изведувач и посредник“, вели Бенет.

Поранешниот израелски премиер вели дека според него „Америка решава по ова прашање“, како и дека тој не дејствува по сопственото видување на ситуацијата.

„Сите моите активности беа координирани до најситни детали со САД, како и со Германија и со Франција“, рече Бенет а потоа потврдно одговори на прашањето на новинарот дали и прекинот на преговорите е инициран од Западот.

„Во голема мера, да. Тие (Западот) ги прекинаа преговорите, а потоа ми се чинеше дека грешат. И сега ќе кажа, дека е рано да се носат заклучоци“, изјави израелскиот политичар.

Според Бенет, во тоа време преговорите уште можеле да доведат до позитивен исход, но сега тој изразува сомневање во исправноста на таквиот пристап.

„Сигурен сум дека имавме добри шанси за успех (…) Но се сомневам дека тоа ќе беше исправно. Во тоа време ми се чинеше дека примирјето ќе биде вистинската одлука, но сега не сум сигурен“, вели поранешниот израелски премиер.

Бенет се присетува дека во текот на преговорите биле подготвени 17-18 нацрт-верзии на договорот меѓу Русија и Украина. Истакнува дека ниеден од нив не бил пробиен и досега ниеден не е објавен во јавноста.

Според сегашниот израелски опозициски политичар, на крајот Западот решил да „заземе порешителна позиција“ а самиот тој решил да ја одобри таа одлука.

„Да го поставиме тоа вака, според мене. Западот донесе сосема легитимна одлука, дека е неопходно да се продолжи и натаму да се крши Путин а не да се преговара“, тврди Бенет.

 

Преговорите меѓу Москва и Киев започнаа неколку дена по почетокот на руската офанзива во Украина. Директните преговори меѓу Киев и Москва имаа добар развој до 29-ти март до средбата во Истанбул, кога беше најавена и можна средба на двата претседатела. Но потоа мировните преговори нагло замреа, а како што забележуваат и некои украински медиуми, тоа се случува веднаш по ненадејната посета на Киев на британскиот премиер Борис Џонсон.

Но шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушогли уште кон средината на април во разговор за CNN рече дека мирното решение на војната во Украина го спречуваат „некои земји во НАТО“, кои посакуваат војната што подолго да трае за Воено и економски да ја истошти Русија.

„Постојат земји во НАТО кои сакаат војната во Украина да продолжи. Продолжувањето на војната го гледаат како слабеење на Русија. Не им е многу грижа за ситуацијата во Украина“, рече тогаш Чавушоглу чијашто земја има добри односи и со Киев и со Москва и не се придружи на антируските санкции.

Според неодамнешниот коментатор на The New York Times, Дејвид Сангер, противници на мировен договор за Украина се и САД пишувајќи дека „кога министерот за одбрана Лојд Остин на крајот од тајната посета на Украина изјави дека целта на Америка е да ја види Русија толку ослабена да повеќе нема моќ да напаѓа соседна држава, ја призна трансформацијата на судирот од битка за контрола над Украина до онаа во која Вашингтон подиректно се спротиставува на Москва“.

„Штом украинските и руските преговарачи по средбата во Истанбул се договорија околу изработката на идниот договор, премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, се појави во Киев без предупредување. Џонсон во Киев донесе две едноставни пораки. Првата е дека Путин е воен злосторник и треба да биде прогонуван, а не да се преговара со него, и втората – ако Украина е подготвена да потпише со него какви и да се гаранциски договори, Британија не е“, објави на 5-ти мај весникот Українська правда повикувајќи се на „извори блиски на Зеленски“.

 

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров минатата седмица ги спомена обидите на Западот да ги наруши преговорите кои добро напредувале минатата пролет. Тој потсети на неговата изјава од ланскиот октомври го истакна дека преговорите биел прекинати „по директна наредба на Вашингтон и Лондон“ кои „целосно го контролираат режимот на Зеленски“. И Леонид Слуцки, член на руската делегација на преговорите, во истата смисла истакна дека „за уривање на преговорите и процесот на постигнување договор Зеленски јавно добил порака од неговиот стопан во Вашингтон“.

На почетокот од февруари годинава Лавров изјави дека во оваа фаза Русија постапува на истиот начин кој го вети Западот – „мора да биде остварена победа на бојното поле“.

„Тоа е нивната формула, токму тие одбија да преговараат, го натераат режимот во Киев да се повлече од преговарачкиот процес и токму во моментот кога на крајот од март (2022-ра) беше можно да се стави крај (на конфликтот) со политички средства“, заклучи Лавров.