Бенитез и официјално го превзема “кралскиот клуб”

Ништо сензационално, бидеќи речиси целокупната светска фудбалска јавност беше запознаена дека Рафаел Бенитез ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид, но потврдата од највисоката инстанца стигна дури сега.

Кралскиот клуб објави дека го ангажира доскорешниот шеф на стручниот штаб на Наполи и дека со него е потпишан тригодишен договор.

Официјалната промоција е закажана за во 13 часот на “Сантијаго Бернабеу” и тогаш шпанскиот стратег првпат ќе се обрати пред јавноста во новата улога. Не толку непозната, бидејќи пред повеќе од две децении го водеше Б тимот на Реал Мадрид, популарната Кастилја, во чиј дрес мина седум години.

Претседателот Флорентино Перез пред пораншениот тренер на Валенсија, Ливерпул, Челси и Интер ќе постави неколку цели: враќање на шампионската круна, која Реал ја чека три години, но и напад на 11-та европска круна.

Токму за овие аспирации Бенитез би требало да добие неколку екстра засилувања на и онака моќниот тим – Де Геа, Агуеро, Верати, Погба се само дел од фудбалските ѕвезди кои се поврзуваат со “кралскиот клуб”. Останува да видиме која од овие потенцијални фудбалски “величини” ќе пристигне на “Сантијаго Бернабеу”.