Бенитез си заминува од Њукасл

Шпанскиот менаџер на клупата на англискиот премиерлигаш Њукасл Јунајјтед, Рафаел Бенитез ќе го напушти клубот во кој ги мина последните три години, објави клубот во понеделникот.

„Со жалење објавуваме дека тренерот Рафаел Бенитез ќе го напушти Њукасл Јунајтед кога ќе му истече договорот на 30-ти јуни 2019 година. Напорно работевме на продолжување на договорот со Рафа, но не беше ниту можно да се постигне договор со него и со неговите претставници“, појаснуваат од клубот.

Бенитез, кој со Ливерпул ја освои Лигата на шампионите во 2005 година, три години мина на „Сент Џејмс Парк“. На клупата на Њукасл го замени Стив Меккларен во март 2016 година и тогаш не усепа да го спречи испаѓањето на клубот во втората лига. Но следната сезона повторно го врати клубот во Премиер лигата и последните две сезони ги заврши на 14-то, односно на 10-то место.

Според пишувањата на британските медиуми, на 59-годишниот шпански тренер кинескиот клуб Далиан Јифанг му понуддил договор вреден годишно 13 милиони евра.