Бензема ноќтта ја поминал во притвор

Бензема вечерта ја поминал во притвор

Бензема отпрвин воопшто не бил поврзуван со случајот, но неговото име се појавило при сведочењата на неколку различни сведоци. Францускиот репрезентативец пристигнал во полициската станица вчера наутро околу девет часот, испрашувањето траело цел ден, а полициските инспектори биле незадоволни од одговорите што ги добиле од членот на “кралскиот клуб”.

Адвокатот на Бензема тврди дека неговиот клиент нема што да крие и соработува во случајот, но реалноста е дека неговите изјави се контрадикторни и тој за неколку часа се негираше самиот себе. Инспекторите не знаат како да реагираат, па го задржаа да ја мине ноќта во затвор, за денеска да се обидат да ја добијат вистината, јавуваат француските медиуми.

Само за потсетување, станува збор за случај за уценување на францускиот репрезентативец Матје Валбуена, од кого се барани 150.000 евра за да не се објави на интернет негова секс-снимка.

Најпрвин испрашуван за целиот случај беше Џибрил Сисе, кој по осумчасовни разговори беше пуштен да си замине од полициската станица, додека ситуацијата со Бензема очигледно е уште посериозна.