Бензема тужи француски министер – смета дека е искористен за политички игри!

Францускиот фудбалер Карим Бензема го тужи францускиот министер Жералд Дарманин поради клевета, откако тој го обвини дека е поврзан со исламистичка организација.

Поранешниот француски репрезентативец поднесе тужба и кажа дека никогаш немал врска со организацијата „Муслимански браќа“.

„Сметам дека сум искористен за политички игри“, кажа Бензема.