Бензините и дизелот поевтинуваат за 0,50 денари

Малопродажните цени на бензините од ноќеска на полноќ ќе се намалат за 0,50 денари за литар, додека цената на екстра лесното масло за домаќинство останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според РКЕ, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 59,50 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 61,50, а на ЕУРОДИЗЕЛ 52 денара.

Екстра лесното масло за домаќинство и натаму ќе чини 52 денара за литар.

Зголемување ќе има само кај малопродажната цена на мазутот, за 0,244 денари, која од ноќеска на полноќ ќе изнесува 26,365 денари за килограм.