Mалопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 1,01%, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, РКЕ.
Од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 2,00 ден/лит, во однос на цените утврдени на 22.05.2023. Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 80,50 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 82,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС, остануваат непроменети, односно на исто ниво од 22 мај.
Според одлуката на РКЕ, највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 80,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 82,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 69,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 67,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 39,433 (денари/килограм)