Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на цената утврдена на 30.03.2023 година и со тоа од ноќеска на полноќ ќе изнесува 83,00 ден/лит., одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос 30.03.2023 година и со тоа ќе изнесува 85,00 ден/лит.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во малопродажба, од утре се намалува за 1,00 ден/лит, и ќе се продава за 72,00 ден/лит.