Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,14% во однос на одлуката од 21.09.2022 година.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,623 ден/кг и сега ќе изнесува 49,768 ден/кг.
Од 27.9.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,00 (денари/литар); Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,00 (денари/литар); Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 91,00 (денари/литар); Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 87,50 (денари/литар); Мазут М-1 НС 49,768 (денари/килограм)
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,158%, кај дизелот зголемување за 0,928%, кај екстра лесното масло зголемување за 0,834% и кај мазутот намалување е за 2,998%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,762%.