Компанијата „ЕВН Снабдување“ има познавање за спецификите на сите потрошувачи што ќе се снабдуваат на слободен пазар на електрична енергија, па оттаму имаме одговор и решение за секој тип потрошувач. За нас се сите потрошувачи важни и сакаме да ги видиме во нашето портфолио изјави Нико Берберу директор на „ЕВН Снабдување“ во интервју за дневниот весник Дневник.
„ЕВН снабдување“ досега склучи договори со 115 компании од над 200 што влегуваат во втората фаза од либерализацијата на пазарот на електрична енергија и за сите нив обезбеди конкурентни цени и сигурно снабдување.
„Ја чекаме уште одлуката на остатокот од 20-те државни компании што својот снабдувач ќе го одберат кога ќе заврши тендерската постапка и тогаш ќе се комплетира целото семејство на корисници што ќе ги користат искуството, поволностите, сигурноста и инвентивноста што им ја овозможува ЕВН како вистински партнер во нивниот бизнис, посочи Берберу.
Според него, и во третата фаза од либерализацијата на пазарот „ЕВН Снабдување“ ќе остане лидер на пазарот, бидејќи повторно ќе понуди конкуретни пакети.
„На нашите корисници во третата фаза ќе им понудиме многу различни пакети, кои ќе содржат многу бенефити во потрошувачката на електрична енергија. Спецификата на третата категорија на потрошувачи што ќе одат на слободен пазар нуди многу можности и ние ќе понудиме креативни понуди, кои ќе бидат конкурентни. Нашата понуда ќе биде креирана по мерка на корисниците и нивните потреби, и ќе има повеќе тарифи и низа други поволности и ваучери“, рече Берберу.