Германија реши да протера „голем број“ руски дипломати на служба во Берлин поради војната во Украина, соопшти во понеделникот министерстка за надворешни работи Аналена Бербок, а агенцијата AFP наведува дека станува збор за дури 40 дипломати кои ќе бидат протерани во еден потег.
Бербок истакнува дека тие дипломати во руската амбасада се „закана за сите кои од нас бараат заштита“. Германија примила досега над 300.000 украински бегалци по почетокот на борбите на 24-ти февраури.
„Тоа веќе нема да го трпиме“, додава Бербок во кусата писмена изјава. Протерувањето на дипломатите од Германија е во согласност до сличните одлуки на низа земји од Европската унија деновиве.
Бербок уште еднаш „осто ја осуди неверојатанта свирепост на руските челници и сите кои ја слушаат нивната пропаганда“, во прв ред во Буча, место близу Киев од каде руските сили се повлекоа уште на 30-ти март а Украина тврди дека го ослободила и каде, како што првично беше објавено во објект биле пронајдени дваесеттина тела, а подоцна во неделата беа објавени фотографии како трупови лежат на улиците или се набрзина закопани.
„Снимките од Буча сведочат (…) за желбата за истребување коешто ја минува секоја граница..“, рече Бербок од редовите на Зелените која убиствата за кои зборуваат од Киев и им ги припишуваат на руските сили ги нареле „воени злосторство“ и „злосторство против човечноста“.
„Германските власти се сомневаат дека дипломатите на коишто се однесува одлуката за прогонувае соработуваат со руската разузнавачка служна и сега имаат пет дена да ја напуштат Германија“, дознава AFP од неименувани извори.
Одлуката на Германија доаѓа само неколку часа откако Литванија, исто така членка на ЕУ, го протера рускиот амбасадор во Вилнус, поради наводни злосторства кои ѝ се припишуваат на руската војска. Но засега во европските престолнини воопшто не се комнетираат извештаите за масовните гробници и убиства на цивили, вклучително и деца во источните украински региони одметнати по преврат во 2014 година.
Од почетокот на украинската војна, САД. Холандија, Ирска, Полска, во балтичките земји и во источна Евопа продолжи протерувањето на руските дипломати, што изминатите години беа правени под други изговори кои главно се однесуваа на внатрешните политики состојби во Русија.
Германија последните години веќе протера повеќе руски дипломати, и особено во 2019 година, кога во парк во Берлин беше убиен 40-годишниот Грузиец Зелемкан Кангошвиоли кој војувал во исламистичкиот бунт во 1990-те во Чеченија на страна на џихадистичките борци кои имаа намера да го формираат калифат на Кавказот. Берлин тогаш се сомневаше дека зад ликвидацијата стојат „руските или чеченските“ власти, уапси едно лице без објавување на неговиот идентите, а протерувањето го образложи со „недовилна соработка во истрагата“ од страна на Москва.
Русија објави дека ќе одговори на протерувањето на нејзините дипломати од Германија, порача портпаролката на министерството за надворешни работи, Марија Захарова.