Бербок: Забраната за руски енергенси би ја турнало Германија во хаос

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во вторникот ја бранеше одлуката на владата во Берлин да не го следи Вашингтон и да воведе забрана за увоз на руската нафта како нова казна за руската воена операција во Украина, предупредувајќи дека тоа би ја турнало Герм,анија во хаос и дека тоа поскоро би била победа отколку пораз на Кремљ.

„Доколку Германија е уверена дека забраната на увозот (на нафта) би ја завршило војната, би го сторила тоа. Но не верува“, рече Бербок.

Германија е завосна од Русија за третина од вкупниот увоз на нафта, што е многу поголема зависност отколку САД – околу 8 отсто, кои претходно во вторникот објавија ембарго на увозот на руски енергенси.

„Кога веднаш би ја донеле таквата забрана, утре во Германија не би можеле повеќе да се движиме“, посочи Бербок.

Додаде дека клучните јавни работници како што се наставниците или медицинските сестри не би можеле да одат на работа, а проблеми би имали и со испорачувањето на електричната енергија.

САД во вторникот објавија дека воведуваат ембарго на увозот на руските нафта и гас, додека Велика Бротанија соопшти дека постепено ќе го укинува увозот на руски енергенсти до крајот на 2022 година, во намерите на двете земји да го зголемат притисокот врз Русија како одмазда за нејзината воена операција во Украина.