Бериша порача дека „битката не запира“ додека не биде урнат „монистичкиот систем“

Лидерот на побројното крило на албанската опозициска Демократска партија  (PD),  Сали Бериша, изјави дека масовниот антивладин протест ги „разнишал темелите на монизмот заснован на кражба на гласови“.

Тој на прес-конференција им се заблагодари на учесниците на протестот, кои, според него, го потпишале чинот на големата пресвртница, го инаугурирале почетокот на битката, која нема да запре до уривање на монистичкиот систем.

„Протестот на 12-ти ноември ги разниша темелите на монизмот, кој се заснова на кражба на гласови, јавни фондови и јавни богатства од страна на Еди Рама. Тоа беше најодличната порака што благородните граѓани на Тирана и на цела Албанија им ја испратија на Албанците каде и да се“, рече Бериша.

Додаде дека е време да се повторува од наутро до навечер синтагмата „смрт на монизмот“.

„Овој монизам треба да се архивира минута побрзо. Овој монизам ја обезличува нацијата како првиот монизам. Ја направи страшна нација, нација на гумени чамци“, обвини Бериша.

Според него, Рама сака уништување на плурализмот и сака да го зграпчи и знамето на PD.

На 12-ти ноември демократите и Партијата на слободата, на Илир Мета,  одржаа масовен антивладин протест од кој на Рама му порачаа дека „многу набрзо ќе се најде пред лицето на правдата и ќе заврши во затвор“