Берлин ќе издвои еден милион евра за помош на украинските уметници

Германската федерална Влада и регионалните власти планираат да им помогнат на украинските уметници во услови на руска инвазија врз нивната држава, јави ДПА.

– Многу интензивно разговаравме заедно со регионалните министри за култура што може да се направи веднаш, а особено да им се помогне на украинските уметници, изјави федералната министерка за култура Клаудија Рот по синоќешниот состанокот со сојузните покраински министри.

Таа истакна дека „се потребни сите напори за да се гарантира дека културата нема да биде уништена“.

– Кога се напаѓаат манастири и катедрали, тоа е напад врз културното наследство на цел народ, нагласи Рот.

Германската министерка додаде дека веќе е започната програма за прием, мислејќи на погодените уметници, а за оваа намена се издвоени еден милион евра.