Берлин ќе преименува улица со „расистички“ назив

Советот на претставниците во градскиот округ Мите во германската престолнина Берлин со мнозинство гласови донесе одлука за преименување на улицата Моренштрасе, чиј назив беше критикуван од малцинствата и активистите како „расистички“.

Проблемот со преименувањето на улиците и истоимената станица во Берлин е предмет на дискусија веќе неколку години, но годинава зајакнаа во заднинаната на бранот протести против расизмот и дискриминацијата во САД и во Европа по смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд при полициско приведување.

Имено, терминот „Морен“ (Mohren) е дамнешно пежоративно означување на темнокожите робови, кои во периодот меѓу XVIII и XIX век биле држени на некои дворци ширум Германија.

„Ќе ја преименуваме М-штрасе (назвот Мохрен вообичаено го пропуштаат оние кои се заложуваат за измени на имито на улицата како несоодветно) во чест на Антон Вилхелм Амо, првиот научник со африканско потекло на пруски универзитет. Општиот претрес по барање на Зелените го доби мнозинството во Советот на претствниците на градскиот округ Мите (BVVMitte)“, објави советничката група на Социјалдемократската партија.

Предлогот за преименување на улицата во чест на Антон Амо е од поодамна. Антон Амо роден во 1703 година во Гана, бил продаден како роб и однесен во Холандија, по што завршил на дворецот на војводата Антон Улрих Брауншвајг-Волфенбетелски, каде што добил образование, кое го продолжил на универзитети во Германија. Антон Амо стасал до позицијата на доцент, но во 1739 година, по смртта на својот ментор, бил често подложен на расистички напади и остракизам. Антон Амо се вратил во Гана каде што починал, како што се верува, во 1753 година.

Одлуката за преименување на оваа улица е донесена само три дена пред одржувањето на традиционалниот годишен протест на против името на улицата, кој се одржува на 23-ти август на Меѓународниот ден на сеќавањето на трговијата со робови и укинувањето на ропството.

Во Берлин има уште еден проблем со преименување на улица, односно со преименувањето на истоимената станица на берлинското метро. Во јули беше објавено дека станицата ќе се преименува во Станица Глинка, во чест на рускиот композитор Михаил Глинка. Меѓутоа, по критиките од еврејската заедници и научници, кои наведуваат антисемитизам на славниот руски музичар, операторот со метрото во Берлин објави дека сѐ уште нема конечна одлука за изборот на новото име на станицата.