Германската влада во понеделникот објави дека секое разгледување на барањата за извоз за нејзините тенкови „Leopard 2“ ќе следи „добро воспоставени процедури“, откако Полска ја објави својата намера да испрати свои тенкови од германско производство во Украина и без службено одобрување од Берлин.
Министерката за надворешни работи Аналена Баербок во неделата вечерта за францускиот канал LCI изјави дека Германија нема да се спротивстави на испораката на германски борбени тенкови од други земји во Украина, но владиниот портпарол Штефен Хебештрејт во понеделникот не потврди дека тоа е официјалниот став на владата.
„Би можело тоа да се каже вака: ако такво барање биде упатено во Германија, што во моментов не е случај, тогаш постојат добро воспоставени процедури за одговор на таквото барање. И сите ние се придржуваме до нив“, рече владиниот портпарол.
Германија, според договорите, има дозвола за извоз на тенковите „Leopard 2“, така што за испорака на тенкови од германско производство во други земји е потребно одобрение од Берлин.
„Имаме страсни дебати и овие страсти повремено водат до претерување од сите страни“, ја коментираше жестоката дебата за тенковите Хебештрајт и додаде дека тоа „е разбирливо“ посочувајќи дека тоа значи дека „секој збор не треба да се сфаќа буквално“.
Шефицата на германската дипломатија, која е од редовите Зелените кои покажуваат изразено воинствен дух кога станува збор за војната во Украина, кои се заедно со социјалдемократите во владата на Шолц, во неделата рече дека Германија „нема да биде против“ доколку Полска одлучи да ѝ ги испрати на Украина тенковите на кои Украина инсистира, доколку Варшава бара одобрение.
Канцеларот Олаф Шолц досега одби да ги коментира овие индиректни испораки, како и директната испорака на тенковите од германските складишта. Ова не е првпат министрите на Зелените во владата, особено Бербок, да покажат поголема подготвеност за воена помош за Украина од канцелаот, забележува агенцијата AFP.
Полскиот премиер Матеуш Моравјецки во понеделникот изјави дека германското одобрение за тенковите „Leopard 2“ не е примарно важно, па дури и без тоа одобрение, Полска би можела да ѝ ги испорача на Украина како дел од коалицијата земји.
Додаде дека ќе побара таква дозвола, но порача дека дури и Полска да не ја добие, Варшава сепак ќе ѝ ги достави на Украина германските тенкови со кои располага Полска.