Челниците на Германија и Норвешка изјавија во средата вечерта дека заеднички ќе побараат од НАТО да ја координира заштитата на европската подводна инфраструктура во заднината на неодамнешните напади на руските гасоводи Северен тек 1 и 2 во Балтичкото Море.
Германскиот канцелар Олаф Шолц на заедничкиот брифинг со норвешкиот премиер Јонас Гар Стоер, дека со вклучувањето на НАТО во заштитата на подводната инфраструктура би бил испратен сигнал, но не прецизираше кому би бил испратен.
„Заштитата на нашата критична инфраструктура ја сфаќаме многу сериозно и никој не би требало да мисли дека нападите ќе останат без последици. Цевководите, телефонските кабли и интернет врските се исклучително важни за нашите држави и мора да бидат посебно заштитени“, изјави повторно неодредено Шолц.
Пред две седмици Шведска соопшти дека нејзините иследници пронајдоа траги од експлозиви на оштетените делови од руските гасоводи Северен тек 1 и 2, што потврдува дека станува збор за тешка саботажа.
Данска во октомври објави дека прелиминарната истрага покажала дека истекувањето од крајот на септември од гасоводите биле предизвикани од силни експлозии. Германија, исто така, спроведе своја истрага, за четирите отвори на гасоводите на Северен тек 1 и 2 кои ги поврзуваат Русија и Германија по дното на Балтичкото Море, и кои стана жртви и ново жариште на украинската криза.
Руското министерство за одбрана во октомври објави дека објави дека припадници на специјалните сили на британската воена морнарица, кои имаа штаб во Очакив, во украинската област Миколаев, учествувале во „планирањето, осигурувањето и спроведувањето на терористичките напади“ врз гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2, што Лондон го отфрли.
Меѓутоа, британската страна сѐ уште не одговори на минатомесечните објави од Москва откако се појавија пораки во врска со тоа од поранешната британска премиерка Лиз Трас до американскиот државен секретар Ентони Блинкен веднаш по експлозиите и додека јавноста не знаеше воопшто за инцидентот па ниту за причината која довела до него.
Норвешка одигра тогаш клучна улога во испораките на гасот во Европа, откако беше намален рускиот извоз. Канцеларот изјави дека Норвешка сега покрива половина од германските потреби, додека премиерот Стоере рече дека неговата земја произведува гас во полн капацитет и тоа ќе го прави и во следните години.
„Имаме посебна одговорност да осигуриме сигурно снабдување со гас за Европа, што е клучно да е одржи“, изјави норвешкиот премиер.
Генералниот секретар на НАТО, Норвежанецот Јенс Столтенберг чиј мандат е продолжен поради војната во Украина, во електронска порака го поздрави во средата доцна вечерта предлогот на Германија и Норвешка.
„Ги зајакнавме своите напори по неодамнешните саботажи на гасоводите Северен тек. Од клучна важност е да се направи уште повеќе за да осигуриме дека нашата инфраструктура на морето ќе остане безбедна од идните деструктивни дела“, навел во пораката Столтенбер, и тој без да го наведе изведувачот на саботажата.
Шолц на Берлинската безбедносна конференција во средата вечерта, исто така, рече дека Германија сака да го искористи својот посебен фонд за војската од 100 милијарди евра годинава за купување на американските борбени авиони „F-35“ и надградбата на борбени возила „Puma“.
Шолц додаде и дека Русија „повеќе не може да ја добие војната во Украина на бојното поле“.