Берлин на Киев му испорачал оружје за 190 милиони евра, најави и самоодни хаубици

Германија на Украина во првите осум седмици од руската офанзива ѝ испратила оружје и друга воена опрема во вредност од повеќе од 190 милиони евра, а во понеделникот е објавено дека Берлин на Киев ќе му испорача уште и седум самоодни хаубици.

Во периодот меѓу 24-ти февруари и 19-ти април Германија ја одобрила испораката на оружје на Украина во вредност од 120,5 милиони евра и друга воена опрема во износ од 71,4 милиони евра, се наведува во одговорот на германското министерство за економија на прашање од парламентот.

За споредба, САД досега веќе испорачаа оружја во краина во вредност од 3,7 милијарди долари, а Естонија на Киев му дала воена помош во износ од 220 милиони евра.

Два дена по почетокот на руската офанзива во Украина, германската влада составена од социлајдемократите, зелените и либералите ја напушти доглогодишната практика на неиспорачување оружје во зони на конлфикти, и под притисок на САД и обвинувања од Киев за предавање само на одбранбена опрема, Берлин испорача проввоздушни проектили, базуки, машинки и муниција.

Минатата седмица, германската влада одобри извоз на 50 противвоздушни тенкови „Gepard“ што ќе биде првпат Германија директно да испорача тешко вооружување во област во која се одвива воен конфликт.

Германија долги години не извезува оружја во воени подрачка, што е политика којашто произлегува од нејзината крвата историја во XX век, а во врска со Украина и поради сојузништовото на нацистите во двете земји во Втората светска војна, а што потоа предизвика пацифизам. Така, државите кои на трети земји сакаат да им предадат оружје коешто го купиле од Германија, прво мора да добијат дозвола од Берлин.

Истовремено германската влада донела одлука на Украина да испорчаа веднаш седум самоодни хаубици од типот „Panzerhaubitze 2000“ од резервите на германската армија Бундесверот, објави во понеделникот весникот Die Welt повикувајќи се на сопствени извори.

Неименуваните извори на весникот истакнале и дека одлуката на владата во Берлин била донесена „и покрај советот“ на војската, која предупредила дека само 40 од 119-те такви хаубици од составот на Бундесверот се во боева готовност.

Во написот се наведува и дека претходно Холандија ветила дека ќе му предаде на Киев пет самоодни хаубици од истиот тип „Panzerhaubitze 2000“.

Според весникот, украинските војници ќе бидат обучувани за користење на овој тип оружје во Германија, иако Научниот одбор на Бундестагот во извештајот од март годинава ја предупредил влдата дека обуката на украински војници за ракувањето со западните вооружувања и тоа на територијата на Германија според меѓународното право може да се третира како учество во самата војна.

Германскиот Бундестаг неодамна усвои изјава со којашто ја повикува владата да обезбеди сеопфатна поддршка на Украина, вклучително и преку зголемување на снабдувањето со офанзивно и тешко вооружје. Пратениците, исто така, повикаа испораките на оружје на Киев да бидат забрзани и да се прошират во рамките на ткн „кружни размени“ на оружјето со други земји „без создавање опасност за одбранените капацитети на Германија“.