САД сакаат да го блокираат гасоводот Северен тек 2 затоа што сакаат да ги зголемат извозот на својот природен гас произведен од шкрилци, објасни во петокот германскиот министер за стопанство Петер Алтмајер, порачувајќи дека Европа ќе се бори за своите интереси.
Вашингтон се противи на изградбата на руско-германскиот цевковод со аргумент дека тој ќе ја заобиколи Украина и оттаму ќе го зацврсти влијанието на Русија на земјите зависни од увозот на нејзиниот гас. Отпор, често лобиран токму од американските политичари, за овој енергетски проект даваат и источноевропски земји коишто сметаат дека сега преку Германија ќе плаќаат поскапи цени за енергенсот.
Европската унија бои требало да гарантира дека Русија ќе продолжи да ѝ плаќа на Украина транзитни надоместоци и по изградбата на гасоводот во Балтичкото Море, истакна германскиот министер за стопанство Алтмајер во пресрет на срдбата меѓу германската канцеларка Ангела Меркел и рускиот претседател Владимир Путин.
Воедно германскиот министер го обвини Вашингтон дека сака да го блокира споменатиот гасовод кој го градат рускиот енергетски гигант „Газпром“ и конзорциумот европски енергетски компании, за да го зголеми извозот на американскиот гас произведен од шкрилци.
„Бараат пазари за својот гас, за што имаме разбирање, и тука лесно ќе го продаваат, Меѓутоа, тој е многу поскап од гасот од гасовод, па блокадата на Северен тек 2 самата посебе нема да гарантира извоз“, изјави Алтмајер за јавниот телевизиски сервис ARD.
Европа решително ќе одговори на американските обиди сопствените економски интереси да ги стави пред интересите на партнерите, порача Алтмајер.
„САД се наш пријател и партнер, и сакаме да ги браниме нашите заеднички вредности. Меѓутоа, доколку Америка е на првото место и доколку своите економски интереси ги ставаат пред интересите на другите, мора да очекуваат дека Европа ќе ги дефинира своите интереси и ќе се бори за нив“, истакна германскиот министер.
Претходно агенцијата Bloomberg, повикувајќи се на помошникот државен секретар на САД, Сандра Оудкирк, пренесе дека во случај на продолжување на градењето на гасоводот Северен тек 2, Вашингтон може да разгледа соодветни мерки во рамките на законот „За борба против непријателите на САД преку санкции“ (Countering America’s Adversaries Through Sanctions Act – CAATSA). Таа објасни дека позицијата на САД е дека изградбата на гасоводот ќе ја зајакне зависноста на Европа од рускиот гас.