Германија најави воведување на такса од 2,4 цени по киловат час гас за потрошувачите од октомври, за да им помогне на увозниците коишто ќе бидат погодени со дополнителни трошоци поради сѐ помалите резерви од рускиот гас.
Високата цена на енергијата стана доминанта политичка тема во најголемата европска економија, бидејќи животните трошоци вртоглаво растат од ланската есен. Дополнително пораснаа по почетокот на војната во Украина и поради тоа воведените западни санкции против Русија и обидите на Европската унија да ја намали зависноста од руските енергенси.
Најавената давачка ја одреди Trading Hub Europe, телото кое го основаа повеќето дистрибутери на гасот во Германија. Надоместот е наменет за помош на увозниците на гас кои мора да купуваат поскап гас од добавувачите надвор од Русија и трпат големи загуби.
Давачката официјално ќе стапи на сил на 1-ви октомври, но не се очекува дека ќе влијае врз сметките за гас до ноември или декември, поради прописите кои ги штитат германските потрошувачи од промените на цените.
Претходно беше објавено дека според пресметките на агенцијата, надоместокот за гас за просечно двочлено германско семејство ќе изнесува 400 евра годишно по стапка од два цента за киловат час, и 600 евра годишно при стапката од три цента.
„Владата гледа дека граѓаните се под значителен товар. Канцеларот повеќепати збореше за тоа… Истовремено јасно стави до знаење дека ќе биде воведено и олеснување заедно со оваа такса“, изјави на брифингот за медиумите една од портпаролките на германската влада Мартина Хофман, до 1-ви октомври кога ќе биде воведена давачката „ќе има и други поволности“ за граѓаните.
Истовремени во понеделникот агенцијата DPA повикувајќи се на одделот за заштита на животната средина на Берлин објави дека градските власти на германската престолнина од крајот на јули се откажале од осветлување на 100 јавни згради и објекти во текот на ноќта.
Споменатиот оддел е одговорен за 150 објекти кои досега биле осветлувани преку целата ноќ. Техничарите мораат притоа, се додава во информацијата, рачно да го исклучуваат секој објект, бидејќи не постои единствен систем за осветлување, појаснуваат од одделот.
Трошоците за осветлување на 150-те објекти можат да достигнат и до 40.000 евра годишни. Сепак, берлинските власти одлучиле и натаму ноќе да бидат осветлувани градскиот Сенат, Канцеларијата на градоначалникот, Еврејскиот музеј и новата синагога, како и Споменикот на паднатите советски војници во паркот Тиергартен.
Германската власти поради споменатите причини размислуваат за намалување на потрошувачката на електричната енергија која главно се произведува од гасот, поради намалувањето на испораките од Русија. Во многу владини министерства во текот на летото ја одржуваат температурата во климатизираните простории на 26 Целзиусови степени, со исклучок на просториите во кои се сместени серверите и да температурата мора да биде пониска. Министерството за економија и заштита на климата има намера на овој начин да ја намали потрошувачката на електричната енергија за 40 отсто.