Поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони, во интервју за Би-Би-Си изјави дека е потребно Европската Унија да спроведе радикални реформи, за да не дојде до исчезнување на еврото.
„Неопходни се радикални промени, бидејќи во спротивен случај економската состојба ќе не принуди да се откажеме од еврото и да се вратиме на националните валути. Неизбалансираната економска политика на Европската Унија го загрозува опстојувањето на еврозоната“, вели Берлускони.